РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ

РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ – еволутивно стари растителни видови што потекнуваат од различни геолошки периоди, со многу ограничено распространување на територијата на РМ. Според староста, односно геолошкиот период од кој потекнуваат, најпознати се терцијарните, глацијалните и бореалните реликти. Терцијарните реликти се зачувани речиси во сите делови на РМ, особено во длабоките речни клисури, во јужните и западните делови, каде што влијанието на глацијацијата било помало (Рамонда натхалиае, Рамонда сербица, Виола косанини, Аесцулус хиппоцастанум, Буџус семпервиренс, Илеџ аљуифолиум, Таџус баццата, Осмунда регалис, Исоетес пхѕгиа, Пинус пеуце и други). Глацијалните реликти се остатоци од флората на мразовото (леденото) време, распространети во највисоките региони на планините, на рефугијални и ладни станишта – снежници, сипари, планински рудини (Дрѕас оцтопетала, Салиџ ретицулата, Салиџ хербацеа, Саџифрага оппоситифолиа, Селагинелла селагиноидес, Лоиселеуриа процумбенс и други). Бореалните реликти се остатоци од флората во составот на четинарските шуми и тресетишта од периодот на глацијацијата и од одредени фази на интерглацијацијата на Балканскиот Полуостров. Во терцијарот биле распространети во бореалната зона на крајниот север на Холартикот и со глацијацијата стигнале на Балканскиот Полуостров. Денес во РМ се распространети во четинарските шу-ми, главно смрекови, смрековоелови, како и на планинските тресетишта (Листера цордата, Цоралорхиза трифида, Цѕприпедиум цалцеалус, Гоодѕера репенс и други). Вл. М.

Напишете коментар