РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ИНФОРМБИРОТО И МАКЕДОНИЈА

РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ИНФОРМБИРОТО И МАКЕДОНИЈА – акт на комунистичките партии на неколку источноевропски држави предводени од СССР, што себеси се нарекувале земји на „народната демократија“. Донесен во јуни 1948 г. во Букурешт, актот бил наречен „Резолуција за состојбата во КП на Југославија…“. Резолуцијата содржела тешки обвинувања против Југославија и нејзиното раководство, за „напуштање на комунизмот и класните интереси“. За Македонија има сериозни последици бидејќи престануваат дотогашните позитивни процеси за решавање на македонското национално прашање на Балканот. ЛИТ.: Д-р Виолета Ачкоска, Македонија во југословенската федерација 1943–1991 (Хронологија.), ИНИ, Скопје, 2001, 59. Н. В.