РЕГРАДАЦИЈА НА ПОЧВАТА

РЕГРАДАЦИЈА НА ПОЧВАТА (ПОЗИТИВНА АНТРОПОГЕНИЗАЦИЈА) – позитивни промени што ги предизвикува човекот во почвата со примена на разни мерки за отстранување на деградацијата на почвата и за покачување на нејзината плодност. Во РМ се постигнува со примена на голем број мерки против оштетувањето на почвата со пренамена во користењето или со деструкција и со покривање со цврст отпад, потоа против контаминацијата на почвата од другите компоненти на животната средина и на крајот против деградацијата на почвите во земјоделството и шумарството.
ЛИТ.: Ѓ. Филиповски, Деградација на почвите во Република Македонија, МАНУ, Скопје, 2003. Ѓ. Ф.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *