РЕГИОНИ

РЕГИОНИ. Региони (климатсковегетациско-почвени подрачја).
Поради мошне хетерогените природни услови РМ е поделена на осум климатско-вегетациско-почвени подрачја, кои претставуваат и вертикални зони, а се разликуваат по својата клима, климазоналната вегетација и по почвите. Тие подрачја, заедно со нивната надморска височина и површина, се: И. субмедитеранско (модифицирано медитеранско) подрачје, 50–500 м; Ⅱ. континентално-субмедитеранско подрачје, до 600 м, заедно со И подрачје 897.000 ха или 34,9%; Ⅲ. топло континентално подрачје, 600–900 м, 704.000 или 27,4%; Ⅳ. ладно континентално подрачје, 900–1.100 м, 342.000 ха или 13,3%; В. подгорско-континентално-планинско подрачје, 1.100–1.300 м, 250.000 ха или 9,7%;
Ⅵ. горско-континентално-планинско подрачје, 1.300–1.650 м,
269.000 ха или 10,4%; Ⅶ. субалпско планинско подрачје, 1.650–
2.250 м, 97.000 ха или 3,8%; и Ⅷ. алпско планинско подрачје, над
2.250 м, 13.000 ха или 0,5%. Изработена е и карта на распространетоста на овие подрачја во РМ.
Субмедитеранско (модифицирано-медитеранско) подрачје. Се простира во Вардарската Долина во југоисточниот дел на РМ, на височина од 50 до 500 м, каде што е најсилно влијанието на медитеранската клима. Тоа е нашиот најтопол регион, со просечна годиш
о
на температура од 14,2 С и со 600 до 700 м годишно количество врнежи. Климазоналната вегетација на ова подрачје е асс Цоцциферо-Царпинетум ориенталис (заедница на прнарот). На сите супстрати, освен на чистите варовници, доминираат промиените циметни шумски почви, а на мали површини од варовници се јавуваат црвеници.
Континентално-супмедитеранско подрачје. Тоа е нашето најголемо подрачје (до 600 м над морето), кое се простира во централна Македонија, каде што се комбинира

Климатска регионализација на Република Македонија
влијанието на источноконтинен
талната и модифицираномедите
ранската клима. Тоа е нашето најсуво подрачје (просечно годишно количество врнежи 500 мм), со просечна годишна температура
о
12,7 С. Тоа е подрачје на благу
нот и белиот габер (асс. Љуерцо-Царпинетум ориенталис мацедониум), со доминација на типичните циметни шумски почви на сите супстрати освен на варовниците. На малите површини од варовници, образувани се црвеници, а на лесовидни карбонатни седименти, черноземи и тоа во најсувиот дел од подрачјето.
Топло континентално подрачје.
Се простира на големи површини, најмногу во котлините на западна Македонија и далеку помалку во источна Македонија. Се јавува во зоната од 600 до 900 м над морето, што значи и на пониските терени на планините. Тоа е регион со средна годишна температура од
о
11 С и со годишна сума на врнежи
од 700 мм, како и со климазонална вегетација на дабот плоскач и цер (асс. Љуерцетум фраинетто церрис мацедоницум). Во ова подрачје доминираат промиени и лувични циметни шумски почви. Се јавуваат и дистрични и еутрични лесивирани почви а на мошне мали површини и планосоли.
Ладно континентално подрачје.
Ова подрачје е повисоко од нашите котлини и затоа се простира во планинските терени, во висинската зона од 900 до 1.100 м, со зонална вегетација на дабот горун (асс. Орно-Љуерцетум петраеае) и со доми

Карта на средните годишни количини врнежи во мм по височина (Пероидот 1961&1990) Карта на средногодишната температура на воздухот во Ц0 во РМ
нација на ладната континентална клима (средна годишна темпера-
о
тура 9 С и годишно количество врнежи 800 до 850 мм). Во ова подрачје завршуваат дабовата вегетација и почвите со текстурна диференцираност на профилот. Тука започнува зоната на кафеавите шумски почви кои, во зависност од супстратот, им припаѓаат на еутричниот или дистричниот поттип. Ретки се хумусниот и лувичниот поттип.
Подгорско-континентално-планинско подрачје. Во ова подрачје, кое се јавува на надморска височина од 1100 до 1300 м, започнува влијанието на планинската клима, која се комбинира со континенталната (средна годишна тем
о
пература 8 С и врнежи 900 мм го-дишно) и започнува буковата вегетација (подгорска букова шума асс Фестуцо хетеропхѕлае-Фагетум). Доминираат дистричните кафеави шумски почви, а поретко и хумусните.
Горско континентално-планинско подрачје. Се простира во зоната на надморска височина од
1.300 до 1.650 м, со силна доминација на планинската над континенталната клима (средна годиш
о
на температура 6,4 С и 1.000 до
1.100 мм врнежи годишно). Тоа е зона на горската букова шума (асс. Цаламинтхо грандифлорае – Фагетум). Се јавуваат поретко уште и буково-елови, чисто елови, моликови и смрчеви шуми. Тоа е зона на доминација на хумусните (и дистрични) кафеави шумски поч

ви. Во повисокиот дел на зоната се јавуваат бруниподзолираните кафеави шумски почви и започнуваат да се јавуваат кафеавите подзолести почви.
Субалпско планинско подрачје.
Се јавува во зоната од 1.650 до
2.250 м над морето, со доминација на планинската клима (средна го
о
дишна температура 3,5 С со 1.050
мм врнежи годишно). Тоа е регион на голем број субалпски ацидофилни шумски заедници (главно четинарски): субалпски букови шуми (асс Фагетум субалпинум сцар-до-пиндицум), шуми на моликата (асс. Мѕртилло-Пинетум пеуцис субасс. алпинум), шуми на смрчата (асс. Пицетум субалпинум сцардицум), шу-ми на борот кривуљ (асс. Пицетум мугхи мацедоницум), субалпски елови шуми. Поголемиот дел од шумите се уништени и претворени во секундарни високопланински пасишта и во вриштини (асс. Јуниперо-Бруцкентхалиетум). Доминантен почвен тип е кафеавата подзолеста почва, но се јавуваат и претходните стадиуми на еволуцијата: хаплични, литични и бруниподзолирани умбрични ранкери, дистрични, хумусни и бруниподзолирани кафеави шумски почви. Врз варовници се јавува органоминерална и органогена варовнично-доломитна црница. Под вришитините се образувани повеќе поттипови на умбрични ранкери.
Алпско планинско подрачје. Се простира на надморска височина над 2.250 м и зафаќа многу помали површини во споредба со другите подрачја. Се одликува со најизразито влијание на планинската
клима, со негативни средни го
о
дишни температури од –0,4 С и со
шумите по формата на одгледувањето во РМ
790 мм годишно количество вр
нежи. Тоа е зона на високопланински тревни заедници. Во неа нема шумски заедници. Тревните заедници и почвите зависат многу од супстратот (варовници или силикатни стени). Врз варовниците се јавуваат повеќе заедници од сојузот Едраиантхето-сеслерион, а врз силикатната подлога повеќе заедници од сојузот Сеслерион цомосае. Сите почви се од типот на профилот А-Р или А-С и нема почви со (В) или Бт-хоризонт. Во зависност од еволуцијата на растителните заедници врз варовничката подлога, образувани се: органогената (со или без фоличен хоризонт О) и поретко во понискиот дел и во субалпската зона органо-минералната варовничко-доломитната црница. Врз силикатната подлога се јавуваат повеќе поттипови на умбричните ранери: литичен (со или без фоличен хоризонт О), хапличен и бруниподзалиран.
ЛИТ.: Ѓ. Филиповски, Карактеристики на климатско-вегетациско-почвени зони (региони) во Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1996. Ѓ. Ф.

Напишете коментар