РАЈНЕР, Петер Коц

РАЈНЕР, Петер Коц (Виена, Австрија 28. Ⅱ 1941) – хирург, ор-топед, редовен проф. на Унив. во Виена, академик. Дипломирал на Мед. ф. во Виена (1967), а специјализирал ортопедија (1974) и докторирал во 1979 г. Од 1984 г. е директор на Клиниката за ортопедија во Виена. Во 1983 ја организирал Ⅱ меѓународна работилница за дизајн и примена на тумор-ски протези. Имал бројни студиски патувања во САД, Канада, Германија, швајцарија, шведска и Велика Британија. Почесен член е на 9 меѓународни асоцијации. Напишал 226 труда, 244 апстракти, 3 книги и 55 поглавја. Соработувал со Клиниката за ортопедија на Мед. ф. во Скопје и овозможил студиски престој на повеќе лекари од Скопје во Виена. За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 10. Ⅴ 2006 г. Ѓ. З. РАК, РЕЧЕН (Астацус астацус