РАХИМИ, шукри

РАХИМИ, шукри (Схукри Рахими) (с. Несалце, Бујановац, Србија, 8. Ⅺ 1925) – историчар, унив. професор. Основно училиште завршил во родното село (1932–1936). Бил учесник во НОАВС како борец на Албанско-прешевската НО бригада и на Седумнаесеттата српска НО бригада (1944 – ав-густ 1945), Дваесет и четвртата српска НО бригада и Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ (август 1945 – крајот на 1946), кога бил демобилизиран. Бил назначен за учител во с. Велики Трновац, кај Бујановац (почеток на 1947). По завршувањето на два курса, се запишал на Вишата педагошка школа – Група историја и географија (1951), а по дипломирањето бил назначен за училиштен инспектор со седиште во Бујановац. Заради продолжување на студиите на Филозофскиот факултет во Скопје (Група историја) со семејството се преселил во Скопје (1957). По дипломирањето (1960), две години бил библиотекар на Катедрата по историја на Факултетот и го објавил својот прв научен прилог (1962). Бил професор во Учителската школа „Зеф Љуш Марку“ (1962– 1965) и на Педагошката академија (1965–1975) во Скопје. Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на тема „Борбата на Албанците за автономија (1894– 1912“ (1974) и потоа преминал како професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Приштина (од 1975 до пензионирањето). Бил пратеник на ПДП во Собранието на Република Македонија(1992– 1994). Автор е на вкупно 64 статии и други прилози, учебници за основно и средно образование и пет монографии. Негова научна преокупација е минатото на Албанците под османлиската власт, посебно во Косовскиот вилает и во Македонија. БИБ.: Вилајети и Косовес, Присхтине, 1969; Рилиндја дхе еманципими комбетар, Схкуп, 1971; Крѕенгритјет схљиптаре нë Косове (1909–1912), Присхтине, 1972; Луфта е схљиптаре пëр аутономи (1897–1912), Присхтине, 1978; Гјурмиме хисторике мби Рилиндјен комбетаре тë схљиптареве, Присхтине, 1986. С. Мл. Кочо Рацин