РАТЕВКА

„РАТЕВКА“ – македонско народно оро за мешан состав со 7/16 (3,2,2) ритам. Најчесто се игра во Малешевско, со држење на играчите за рацете, слободно долу спуштени. Се игра во полукруг, полетно, со мали чекори на полустапалата и со потсконување и доскокнување. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје 1977, 132. Ѓ. М. Ѓ. Вештачката акумулација „Ратево“, Беровско