РАНКОВИЌ, Јован

РАНКОВИЌ, Јован (Белград, 12. Ⅷ 1902 – 3. Ⅺ 1992) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград (1927). Во Македонија живее и работи од 1952 до 1975 г. Покрај со педагошка дејност (го предава предметот проектирање на станбени и угостителски објекти), се занимава и со научноистражувачка работа и со архитектонско проектирање. Негови позначајни реализации во РМ: Клубот на пратениците во Скопје (1957); Инвестициона банка во Скопје (1958); Студентскиот дом „Кузман Јосифовски–Питу“ во Скопје (1958); Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1959). БИБ.: Станбени згради, Скопје, 1969; Станбени кули, Скопје, 1973. Кр. Т.