РАКИЏИЕВ, Михаил

РАКИЏИЕВ, Михаил (Битола, 1878 – Битола, 1935) – припадник на МРО. Во неговата куќа (20. Ⅺ 1901) престојувал Гоце Делчев на советување со Никола Русински, Јордан Пиперката и др. битолски војводи. Од 1904 г. бил член на Битолскиот ОРК на МРО и реонски началник на Ѓавато со околината. Бил осуден (1905) на пет години затвор во Битола; ослободен по Младотурската револуција. ИЗВ.: Т. Николов, Спомени из моето минало, Софи®, 1989. Ал. Тр.