РАДУЛОВ

РАДУЛОВ (РАДУЛЕ), Георги (Ѓорѓи) Николов (с. Кремен, Благоевградско, РБ, 29. Ⅸ 1942) – доцент и декан (2001–2005) на Електро-механичкиот факултет на Рударско-геолошкиот универзитет „Св. Иван Рилски“ во Софија, македонски културно-национален деец и историчар. Дипломиран двоен инженер – на Електро-механичкиот факултет на Рударскогеолошкиот универзитет и на Транспортниот факултет на Техничкиот универзитет во Софија. Неговата потесна специјалност е мерењето на неелектричните величини и автоматизацијата на производството. Од својата по-Георги Радулов тесна специјалност има објавено повеќе истражувачки трудови, три универзитетски учебника, две учебни помагала и подготвен монографски труд „Историја на техниката – еволуцијата на техничките идеи“. Како општественик е соосновач и заменик-претседател на Друштвото за бугарско-македонско пријателство и активен учесник во Бугарската лига за заштита на правата на човекот и граѓанинот во Софија, чија Фондација „Авис“ е и издавач на неговите публикации. Како историчар е ав-тор на првата Историја на Македонија на бугарски јазик, полемичар за македонското национално прашање со бугарскиот историчар Б. Димитров и истражувач на историјата, етнографијата, фолклорот, просветата, битот, духот и јазикот на родното село Кремен. За неговите истражувачко-публицистички заслуги тој е носител на високото признание Духовен воин на Македонските духовни конаци (за 2007 г.) во Струга. БИБ.: История на Македония (Апология на македонизма), София, 1997; Истината и лÍжите за македонизма. КоŸ фалшифицира историята? (По повод „Десетте лÍжи на македонизма“ от Б. Димитров), София, 2000; (во коавторство со Илија Мишев) Кремен. Минало и наследство, София, 2002; Историја на Македонија. Апологија на македонството, прв дел, Скопје, 2009. ЛИТ.: Блаже Ристовски, По објавувањето на книгата „Историја на Македонија“ од Георги Радуле во Софија, „Нова Македонија“, ЛИИИ, 18148, 2 и 3. Ⅷ 1997, 7 и 18149, 4. Ⅷ 1997, 5. Бл. Р.