РАДОЈЧИЌ, Светозар

РАДОЈЧИЌ, Светозар (Сремски Карловци, Србија, 27. Ⅴ 1909 – Белград, 20. Ⅹ 1978) – водечки српски историчар на уметноста по Втората светска војна. Основач е на Катедрата за историја на уметноста во Белград. Студирал во Љубљана и во Загреб, специјализирал во Виена и во Прага. Близок соработник на Н. Л. Окуњев. Претставник е на современата школа на историјата на уметноста. Пред Втората светска војна живеел и работел во Скопје, каде што ги објавил книгите Портрети српских владара у средњем веку и Старине Црквеног музеја у Скопљу (тиражот бил уништен во бомбардирањето на Скопје, а подоцна е издадено фототипско издание). Во неговиот опус по Втората светска војна посебно се осврнува на делата на зографите Михаил и Евтихиј и на орнаментиката и украсите во книгите на Слепченската и Кратовската скрипторија, како и на сликарските споменици во Македонија, украсени во времето на српската политичка управа. Од неговите студии посебно ги издвојуваме Прилози за историју најстаријег охридског сликарства. На ⅩⅠⅠ меѓународен византолошки конгрес во Охрид (1961) имал кореферат кон пленарниот реферат на В. Н. Лазарев, со осврт на сликарството во Македонија во Ⅺ и ⅩⅠⅠ в., во кој го објаснува еден од најсложените циклуси во егзонартексот на „Св. Софија“ во Охрид од ⅩⅣ в. БИБ.: Портрети српских владара у средњем веку, Скопље, 1934; Старине Црквеног музеја у Скопљу, Скопље, 1941; Мајстори старог српског сликарства, Београд 1955; Старе српске минијатуре, Београд, 1950; Старо српско сликарство, Београд 1966; Иконе из Србије и Македоније, Београд, 1963; Прилози за историју најстаријег охридског сликарства, ЗРВИ, Ⅷ, Београд 1964, 355–381; Раппортс 2 цонплементаирес, ЏИИЕ Цонгрес интернатионал дес етудес бѕзантинес, Белград–Оцхриде, 1961, 60–63; „Чин бивајеми на разлученије души од тела“ у монументалном сликарству ⅩⅣ века, ЗРВИ, 7, Београд 1961, 39–50; Фреска покајања Давидовог у охридској Св. Софији, „Старинар“, н.с., Ⅸ–Џ, Београд 1959, 133–136; Једна сликарска школа из друге половине ⅩⅤ века, ЗЛУ, 1, Нови Сад, 1965, 70–103. Цв. Гр.