РАДИКА

РАДИКА – десна притока на р. Црни Дрим. Извира југозападно од врвот Голема Враца (Косово) на шар Планина, на височина од
2.260 м, а во Дрим се влива на височина од 487 м. Таа е изразито планинска река, која има претежно клисуреста, а на места и кањонеста речна долина. Долга е 64,7 км, има вкупен пад од 1.773 м и просечен пад од 27,4‰. Долниот дел од долината на реката, во должина од 10 км е заезерен, така што денес нејзините води се влеваат во Дебарското Езеро кај селото Долно Косоврасти, на височина од 580 м. Просечниот годи
3
шен протек изнесува 18,87 м /с; најголем средномесечен протек
3
од 50,8 м /с се јавува во мај, а нај
3
мал од 6,4 м /с во август. Најголе-

Реката Радика во близина на с. Жировница
3
мото количество вода од 262 м /с е забележано во мај 1978 г., а нај
3
малото од 2,2 м /с во октомври 1966 г. Дел од водите од извориш
3
тата (6,2 м /с) на оваа река по вештачки пат се зафатени и преку тунел се префрлени најнапред во Мавровското Езеро, а оттука во сливот на р. Вардар и Егејското Море, со што е формирана најголема вештачка бифуркација во Македонија.
ЛИТ.: Драган Василевски, Радика, „Напредок“, Тетово, 1997. Др. В.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *