РАДЕВ, Симеон Трајчев

РАДЕВ, Симеон Трајчев (Ресен, 9. И 1879 – Софија, 15. Ⅱ 1967) – истакнат бугарски есеист, историчар, публицист, редактор на периодични весници и списанија, дипломат. Се школувал во Европскиот лицеј во Цариград, а правни студии завршил во швајцарија. Вклучен е во македонското револуционерно движење уште како ученик. Соработувал во органот на Бугарската егзархија „Новини“. Мошне близок до Борис Сарафов и конфронтиран со Јане Сандански. Во текот на 1902 и 1903 г. во Париз го издавал весникот „Македонско движење“ на (француски јазик), информирајќи ја француската јавност за состојбите во Македонија. & придавал приоритетна важност на политичката автономија на Македонија, подиставајќи го проблемот за самобитноста на Македонските Словени. Од 1913 г., како член на бугарската државна делегација, е потписник на Букурешкиот договор за распарчување на Македонија. Како амбасадор на Бугарија престојува во повеќе европски земји. Автор е на книгите (на бугарски јазик): „Градителите на современа Бугарија“ (во два то-ма), „Македонија и бугарската преродба“, „Рани спомени“ и „Есеи за литературата“. Г. Т.