РАБОТНИЧКО-ПРОСВЕТНО ДРУШТВО КЛАСНО СОЗНАНИЕ

РАБОТНИЧКО-ПРОСВЕТНО ДРУШТВО „КЛАСНО СОЗНАНИЕ“ (Битола, 1909) – друштво основано по иницијатива на Васил Главинов и Никола Петров Русински за ширење на социјалистичката пропаганда и за формирање нови работнички друштва. Се залагало за демократизација на Отоманската Империја, за заштита на работниците и за изборни права. ЛИТ.: Работничко и комунистичко движење во Македонија, Скопје, 1970. О. Ив.