ПЧЕНКА

ПЧЕНКА (ЦАРЕВКА, ЧЕНКА, ТУРСКО ЖИТО, МУМУРУЗ, МОМОРОСКА) (Зеа маѕс Л.) – едногодишна житна култура од фамилијата Поацеае и вид со висок генетски потенцијал (25 т/ха зрно или 80 т/ха волуменозна маса). Во исхраната на човекот се користи варена, како пченкарно брашно, пуканки и гриз. Кочаните во млечна зрелост се печат или се варат за консумација, а шеќерната пченка се употребува за конзерКочан од пченка вирање. Индустриски обработена се користи за: снегулки, чипсови, смоки, масло за јадење, леб, бели и украсни печива, алкохоли, киселини (млечна и лимонска), вештачко влакно, бои, лакови, азбест, нитроцелулоза, фурфурол, суровина за хартија, за пластична маса и др. Во сточарството целото растение се користи за подготвување волуменозна маса (силажа, сенажа) или за концентрирана силажа и зрно. Води потекло од Америка. Во Македонија, најверојатно е донесена од Турците. Во светот се одгледува на околу 139.214.000 ха, со принос на зрно од 4.300 кг/ха. Кај нас се одгледува на 40.000–50.000 ха, со постојано зголемување на површините и со принос од околу 4.100 кг/ха зрно. Постојат девет подвидови пченка, а само четири се произведуваат кај нас: забовидна, тврда, шеќерна и пуклива пченка. Покрај домашните сорти (популации), во поново време с“ повеќе се одгледуваат хибридни. П. Ив.