ПУРЕЛКУ, Халим

ПУРЕЛКУ, Халим (Халим Пурелку) (с. Тихин, Кичевско, 5. Ⅺ 1952) – историчар. Основно училиште завршил во с. Србица, Кичевско, а учителска школа во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет (отсек Историја) на Универзитетот во Приштина (1997). Магистрирал на тема „Кичево со околината помеѓу двете светски војни (1918-1941)“ (1985) и докторирал на тема „Политичко-воените прилики во албанските источни подрачја (1918-1921)“ (1999) на Приштинскиот универзитет. Од 1975 до 1977 г. бил професор во ЦСНО „Маршал Тито“ во Качаник, а потоа до 2005 г. во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје. Во истиот период бил ангажиран како предавач на Тетовскиот универзитет и како асистент-професор при УЕЈЛ. Во 2004 г. бил избран за доцент при Факултетот за хуманитарни науки и уметности на Државниот универзитет во Тетово. Објавил повеќе трудови од областа на историјата и учествувал на научни собири, семинари и симпозиуми во земјата и во странство. А. П. Зоица Пуровска-Велевска