ПСМАЛ Ⅱ

ПСМАЛ Ⅱ (Публиц Сецтор Манагемент Адјустмент Лоан). Најпосле, во август 2005 г. е склучен тригодишен стенд-бај аранжман со ММФ за поттикнување на реформите во судството, пазарот на трудот, јавните финансии и финансискиот сектор. Во истата година Македонија склучува два аранжмана со Светската банка – т.н. БЕРИС (Бусинесс Енвиронмент Реформ анд Институтион Стренгхтенинг Пројецт) и ПДПЛ (Программатиц Девелопмент Полицѕ Лоан), наменети за поддршка на институционалните и структурните реформи. Соработката со ММФ и Светската банка е значајна за Македонија од неколку причини: за замена на старите долгови наследени од СФРЈ со нови, одобрени под поповолни услови; за решавање на платнобилансните проблеми; како основа за пристап до други извори на финансирање; за поддршка на стопанските и институционалните реформи, и за трансфер на знаењето преку користење техничка помош од овие институции. ЛИТ.: Љупчо Трпески, Пари и банкарство, Ецономѕ Пресс, Скопје, 2003, 680–716; Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, 60 години централно банкарство во Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006. Г. П.