ПРОТОГЕРОВ, Александар

ПРОТОГЕРОВ, Александар (Охрид, 23. Ⅱ 1867 – Софија, 7. Ⅶ 1928) – раководител на ВМРО. Се школувал во Охрид и во Софија, каде што завршил воено училиште (1887). Учествувал како доброволец во Српско-бугарската војна (1885). Бил член на ВМК, војвода во Горноџумајското (1902) и во Илинденското востание (1903). Бил резервен член на ЦК на ВМОРО (1911), претседател на Извршниот комитет на Македонските добротворни братства во Бугарија (1912–1918). Во Балканските војни бил член на штабот на Македонско-одринското ополчение, а во времето на бугарската окупација во Првата светска војна бил заменик началник на Македонската воено-инспекциска об-ласт, произведен во генерал-лајтнант на бугарската армија. По војната со Т. Александров и П. Чаулев ја обновиле ВМРО. Бил потписник на Мајскиот манифест (1924), член на ЦК на ВМРО. Во меѓусебните борби со приврзаниците на михајловистичката ВМРО е убиен во Софија од михајловистичката ВМРО. ЛИТ.: В. „ПротогеровÍ листÍ“, София, 1930; Зоран Тодоровски, ВМРО 1924–1934, Скопје, 1997; Заçо бÍл убитÍ АлексндÍрÍ ПротогеровÍ, София, 1928; Алманах на бÍлгарските национални движения след 1878, София, 2005. З. Тод.