ПРОКОПИЕВ, Светислав

ПРОКОПИЕВ, Светислав (Куманово, 4. Ⅵ 1928 – Скопје, 10. Ⅳ 1986) – проектант. Гимназија завршил во Скопје (1948), а дипломирал на Градежниот отсек на Техничкиот факултет во Загреб (1955). Работел во РОЗТ „Бетон“. Иницијатор е за формирање на Конструктивното биро во РОЗТ „Бетон“ (1959). Бил хонорарен асистент на Градежниот факултет во Скопје (1956–1960), а подоцна (1973) е избран за вонреден професор по предметот асеизмичко проектирање на конструктивните системи во ИЗИИС Скопје. ЛИТ. и ИЗВ.: Прокопиев Светислав, „Билтен“ бр. 322 на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“; архива на Градежното претпријатие „Бетон“. Р. Д. Трајко Прокопиев