ПРОИЗВОДСТВО НА ЦВЕЌЕ ВО ЗАШТИТЕН ПРОСТОР ВО РМ

ПРОИЗВОДСТВО НА ЦВЕЌЕ ВО ЗАШТИТЕН ПРОСТОР ВО Република Македонија– се одвива во стакленици и под пластеници. Во седумдесеттите и осумдесеттите години на ⅩⅩ в. има значаен развој (производство на каранфил на 27 ха, рози на 4 ха, гербери на 2.5 ха), а оттогаш обемот на производството значајно варира. Во деведесеттите години се активира пластеничкото производство во Гевгелискиот, Струмичкиот и Скопскиот регион. Производството на летниот расад исто така се организира под пластеници, и тоа во Струмичко и во Скопско, како и во комуналните претпријатија. Последниве години постојано се наголемува интересот на производителите за пораст на обемот на производството и за зголемување на асортиманот на летниот расад. С. Х. П.