ПРЛИЧЕВ, Григор Ставрев

ПРЛИЧЕВ, Григор Ставрев (Охрид, 18. И 1830 – Охрид, 6. Ⅱ 1893) – најголемото име на македонската Григор Прличев литература во ⅩⅠⅩ в. Овој супериорен литерат според јазичната припадност е всушност тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе специфичните карактеристични доминанти на епохата во која живее и работи; класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Тоа е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб. Тоа е писател со висока самосвест за своите креативни можности и за позивот на кој му служи. Роден е како четврто дете на Марија Ѓокова и Ставре Прличев, охридски занаетчија. Ученик на Димитрија Миладинов, кој во тоа време учителствува во Охрид. Извесно време се вработува како терзија, а подоцна станува учител во Тирана (Албанија). Во 1849 г. се запишува како студент по медицина на Атинскиот универзитет. Во текот на 1850/59 г. повторно се враќа во Македонија и учителствува на повеќе места (Долна Белица, Струшко, Битола, Прилеп и Охрид) за да си обезбеди услови за продолжување на студиите. Во 1859 г. повторно доаѓа во Атина, како студент на втора година по медицина. Во овој период ја пишува поемата „Ο ΑΡΜΑΤΩΛΟΣ“ (Сердарот) што требало да се предаде најдоцна до 13. Ⅱ 1860 на поетски конкурс. Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик – паричен дел и лаворов венец. Истава година делото излегува од печат. Вратен во Охрид веднаш ја започнува работата врз новиот поетски проект – поемата „Скендербег“, далеку попретенциозен творечки зафат. Работи како учител во Охрид. Се зафаќа да го научи словенското писмо и четмо во дуќанот на Ангеле Групче, тогашно своевидно читалиште во Охрид. Со Јаким Сапунџиев го започнуваат „народниот подвиг“ во Охрид, т.е. борбата за воведување на народниот јазик во училиштата. Со ова Прличев ја официјализира својата борба против грцизмот во Македонија, особено против фанариотскиот владика Мелетиј, виновникот за смртта на Димитрија Миладинов. Извесно време престојува во Цариград. Има постојани контакти со бугарските културни дејци, а по враќањето во Охрид уште поинтензивно се ангажира за популаризирање на словенското пис-мо во Македонија. Во 1868 г. турската власт го затвора и го депортира во дебарската зандана, поради клевета од страна на грчкиот охридски владика. По затворскиот период го посетува манастирот „Св. Јован Бигорски“ и е восхитен што во него се служи на старословенски јазик. Во следната 1869 г. во Охрид масовно се воведува народниот јазик во училиштата. Истава година се жени и има пет деца. По покана од Редакцијата на цариградското „ЧиталиÈе“ се зафаќа со препев на Хомеровата „Илијада“. Почнува да соработува во бугарските цариградски весници и списанија. Во Белград, а потоа во „ЧиталиÈе“ во 1872 г. ја Григор Прличев: „Сердарот“ и ракописот на „Граматиката“ објавува песната „Во илјада седумстотин шездесет и второ лето“, подоцна преобјавена и во неговата „Автобиографија“. Во цариградскиот в. „Право“ во 1872 г. е објавена вест дека Прличев подготвил за печат книга песни за деца под наслов „Воспитание или 12 нравствени песни“. Со заштедени пари од своето учителствување во Струга, заминува во Бугарија (Софија), каде што мнозина „родољупци“ го канеле да се зафати со каква и да е литературна работа и му ветувале секакви олеснувања и помошти. Во 1883–1890 г. учителствува во бугарската машка гимназија во Солун. Во овој период ја пишува својата „Автобиографија“, објавена по неговата смрт во „Сборник за народни умотворения, наука и книжнина“. Прличев живее и работи во повеќе балкански културни центри (Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Солун, Атина, Тирана, Цариград, Софија). Коректно владее повеќе балкански и европски јазици. Се занесува со словенофилството и прави обид да создаде граматика на словенско есперанто. Слични примери можат да се сретнат и во другите словенски литератури. Поетската творба „Сердарот“ (1860) се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За книжевната наука оваа поема треба да се разгледува во контекстот на европската теорија на романтизмот. За неа авторот во Атина го добива од критиката прозвиштето „Втор Хомер“. Други позабележителни негови творби се „Автобиографијата“ (1884) и словото-есеј „Чувај се себеси“ (1866). Тоа се комплементарни литературни дела и ја доречуваат на директен начин основната порака на „Сердарот“. БИБ.: „Ο ΑΡΜΑΤΩΛΟΣ“, Атина, 1860; Скендербеј, објавена посмртно; прозната творба Автобиографија, Софија, 1894, напишана на бугарски јазик; детски песни Воспитание или дванаесет нравствени песни, напишани на неговиот сесловенски есперанто и објавени посмртно; Есеи, записи, слова, објавувани главно на македонски јазик, помеѓу 1862 и 1892 година; Препеви на Хомеровите дела „Илијада“ и „Одисеја“ и на дела од Торквато Тасо и Ариосто – зачувани во ракопис; Преписка, објавена посмртно. ЛИТ.: Григор Прличев, Автобиографија, Соопштува Кирил ќамилов, Ск., 1952; Григор Прличев, Автобиографија; Сердарот. Превод и препев Тодор Димитровски и Георги Сталев. Предговор Димитар Митрев, Ск., 1953; Григор Прличев, Одбрани страници. Редакција Тодор Димитровски, Ск., 1959; Григор Прличев, Скендербег. Превод Митре Дамјановски. Препев Георги Сталев, Ск., 1961; Григор Прличев, Сердарот, Ск., 1970; Георги Сталев, Прличев во своето време и надвор од него. Григор Прличев, Сердарот. Скендербег, Ск., 1971; Прилози на МАНУ, ОЛЛН, Ⅳ, 1, Ск., 1973 (број посветен на Г. Прличев по повод 80-годишнината од смртта); Тодор Димитровски, Прличев и неговото дело. Григор Прличев, Одбрани текстови. Приредил Тодор Димитровски, Ск., 1974; Тодор Димитровски, Прличев и неговото дело. Григор Прличев, Автобиографија. Приредил Тодор Димитровски, Ск., 1974; Григор Прличев, Скендербеј. Од грчкиот оригинал препеал Ми-хаил Д. Петрушевски, Ск., 1974; Беседи за Прличев, Ск., 1980; Гане Тодоровски, Големиот подвиг на Григор Прличев „Литературен збор“, ЏЏВИИ, 6, Ск., 1980; Тодор Димитровски, Прличев и неговото дело. Григор Прличев, Сердарот. Препев Георги Сталев, Ск., 1983; Григор Прличев, Избрани творби. Приредил Томе Саздов, Ск., 1985; Григор Прличев, Мартолозот. Препев Михаил Д. Петрушевски. Ск., 1983; Животот и делото на Григор С. Прличев. Симпозиум, 10-11. Ⅴ 1985, Ск., 1986; Драги Стефанија, Прличевиот панславизам, Охрид, 1988; Стојан Ристески, Григор Прличев : нови страници, Охрид, 1990; Григор Прличев, Избор. Приредил Томе Саздов. Препев Георги Сталев, Ск., 1991; Григор Прличев, Сердарот. Кон стогодишнината од смртта на Прличев (1893-1993). Препев Гане Тодоровски, Ск., 1993; Григор Прличев, Сердарот. Препев Гане Тодоровски, Ск., 1993; Григор Прличев, Охридски џган. Превод Јани Филовски. „Далги“, 1, Охрид, 1991; Кратка словенска граматика. Приредиле: Наум Целакоски и Димитар Смилески, Битола, 1992; Гане Тодоровски, Збор до два околу помакедончувањето на детските песни на Григор Прличев. Григор Прличев, Воспитание или дванаесет песни за деца. Помакедончил Гане Тодоровски, Ск., 1993; Наум Целаковски, Непознатиот Прличев. Григор Прличев, Водач ме праќа татковината. Избор, поговор и коментари Наум Целаковски, Ск., 1993; Душко Наневски, Талентот на Прличев, Охрид, 1994; Кратка славјанска граматика. Приредиле: Димитар Пандев и Драги Стефанија, Охрид, 1994; Томе Саздов, Непознатиот Прличев, Ск., 1995; Григор Прличев, Сердарот. Осовременил Тодор Димитровски, Ск., 1995; Григор Прличев, Скендербеј.Библиофилско издание, Ск., 1997; РаŸмон Детрез, Криволици на мисÍлта, София, 2001; Григор Прличев, Автобиографија, Ск., 2001 Анастасија Ѓурчинова, Прличев и Ариосто, Ск., 2002; Сергеј Главјук, Беседа за Прличев, Охрид, 2003; Георги Сталев, Творечкиот лик на Григор Прличев, Ск., 2005. Г. Т. Петре Прличко