ПРИРОДЕН РЕЗЕРВАТ

ПРИРОДЕН РЕЗЕРВАТ – подрачје што се утврдува со Законот за природа (2004) и кое поради значајните или карактеристичните екосистеми, геолошките или физичко-географските карактеристики и/или видови, како и изворно зачуваната дивина, стекнува статус на природно наследство во категоријата строг природен резерват за спроведување научни истражувања или мониторинг на заштитата. Со строгиот природен резерват се управува со соодветен план за управување, а пристапот на јавноста е ограничен. Регистрирани се и евидентирани преку 14 локалитети во Република Македонијасо статус на строг природен резерват. Во класификацијата на природното наследство, применувана до 2004 г. (Закон за природни реткости, 1973), просторните/територијалните целини беа категоризирани како природни резервати во кои влегоа општите (национални паркови, строги природни резервати, научноистражувачки резервати, предели со посебни природни карактеристики, карактеристични пејзажи) и посебните природни резервати. С. Х. П.