ПРИРАСТ И ПРОИЗВОДСТВЕНОСТ НА СТЕБЛАТА И НА ШУМСКИТЕ НАСАДИ

ПРИРАСТ И ПРОИЗВОДСТВЕНОСТ НА СТЕБЛАТА И НА ШУМСКИТЕ НАСАДИ – научна дисциплина што ги проучува закономерностите на процесот на растењето на едно стебло или на цели насади и ги утврдува приносните способности/можности на шумите во поглед на дрвната маса во различни природни услови. Задачата на оваа наука е да ги истражува квантитативните односи помеѓу процесот на растежот на шумата и влијанието на факторите на надворешната средина кои се менуваат во текот на животниот век на дрвјата и насадите. Својството на живата материја (дрвјата), преку делбата на клетките, да го зголемува својот волумен претставува растеж. Вредноста за која се зголемува дијаметарот, височината или волуменот на дрвото или на насадот за одреден временски период претставува прираст на тој елемент за тоа време. Производност на насадот претставува севкупното годишно или периодично производство на дрво во натурални показатели (м 3 или тони). Постои и термин принос од насадот, кој претставува количина на искористено дрво од единица површина, од цел насад или од цела шума. шумите на Република Македонијаимаат ниска производственост како резултат на повеќе фактори, а пред с¢ се должи на начинот на одгледување и на уредување. Просторно преовладуваат нискостеблените шуми (71%) со вкупна дрвна резерва 27.385.300 м 3 или 42,6 м3/ха и со тековен годишен прираст од 1,4 м3/ха. Високостеблените шу-ми и културите (29%) се со вкупна дрвна резерва 45.797.112 м 3 или 200 м3/ха и со тековен годишен прираст од 3,7 м3. Ал. Анд. Природниот резерват Езерани