ПРИЛЕПСКО ЕЗЕРО

ПРИЛЕПСКО ЕЗЕРО – вештачка акумулација, во долината на Ореовечка Река, на 5 км североисточно од Прилеп. Изградена е во 1964 г. Браната е од комбиниран тип, односно од бетон и од нафрлен камен. Долга е 403,6 м, а висока 28 м. Котата на максималното ниво на водата се наоѓа на височина од 745 м. Максималната должина на езерото изнесува 1,5 км, најголемата широчина 0,55 км, а зафаќа површина од 0,55 км 2. Во акумулациониот базен максимално може да се акумулираат 6.000.000 м 3 вода, од која тиот ден извршил напад на При-Прилепското Езеро 5.080.000 м 3 претставува корисна зафатнина, а 920.000 м 3 претставува мртов простор. Водата се користи за наводнување на околу 6.200 ха обработливо земјиште во Прилепско Поле и за рекреативни цели. Др. В. Александар Прилепчански ПРИЛЕПЧАНСКИ, Александар