ПРИВРЕМЕНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ПОРАНЕШНАТА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА

ПРИВРЕМЕНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА „ПОРАНЕШНАТА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА“ (почетокот на 1919) – претставништво формирано по обединувањето на серчаните и револуционерите од Западна Македонија на поранешната обединета Македонска револуционерна организација. Бил објавен Апел до македонскиот народ и до емиграцијата во Бугарија (9. Ⅳ) за единство за постигнување самостојност на Македонија. Ополномоштен делегат бил испратен во Париз да ги застапува македонските интереси, да го пренесе барањето за ослободување и за обединување на Македонија во самостојна неутрална држава. Органот на Привременото претставништво објавил резолуција (8. Ⅴ 1919) од Собирот одржан внатре во земјата со барање за самостојна обединета Македонија. ЛИТ.: Љубен Лапе, Став привременог претставништва бивше уједињене Унутрашње македонске револуционарне организације, „Хисторијски зборник“, ЏЏИЏ-ЏЏЏ, Загреб, 1976. М. Мин. Потписниците на Призренската декларација: Имер Имери, Али Ахмети и Арбен Џафери (2001)