ПРИВРЕМЕНА СОГЛАСНОСТ ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ Република МакедонијаИ РГ

ПРИВРЕМЕНА СОГЛАСНОСТ ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ Република МакедонијаИ РГ – билатерален договор склучен на 13. Ⅸ 1995 г. меѓу РГ и Република Македонијаод министрите за надворешни работи – Каролос Папуљас и Стево Црвенковски, како претставници на Првата и Втората страна – формулации употребени наместо официјалните имиња на двете држави, со цел да се избегне употребата на официјалното име на РМ, поради грчко-македонскиот спор околу името за кој се разговара во рамките на ООН. Привремената согласност е првиот видлив резултат од преговарачкиот процес меѓу двете држави. Се состои од преамбула, нормативен текст, составен од пет дела, и завршни одредби. Предвидена е надлежност на Меѓународниот суд на правдата за сите разлики што ќе произлезат во текот на нејзиното спроведување и толкување, освен оние во врска со името на РМ. Договорот е преседан од аспект на ненаведување на имињата на договорните страни (со цел да се избегне употребата на името РМ). Се внесуваат одредници „Прва страна“ за Грција и „Втора страна“ за РМ. ИЗВ.: Привремена согласност за нормализација на односите меѓу РГ и РМ, њњњ.ун.орг. Т. Петр.