ПРЕТПРИЈАТИЈА

ПРЕТПРИЈАТИЈА (КЛАСИФИКАЦИЈА) СПОРЕД ГОЛЕМИНАТА. Според големината, претпријатијата најчесто се класифицираат на микро, мали, средни и големи. Во почетокот на транзицијата, Законот за сметководство разликуваше само мали и големи претпријатија. Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал разликува мали, средни и големи претпријатија. Во текот на 2004 г., со измените во Законот за трговски друштва, се прифатија критериумите на ЕУ за класификација на претпријатијата според нивната големина: број на вработени, го-дишен обрт и вредност на деловната актива. Критериумот број на вработени се применува идентично како и во ЕУ, додека вредноста на другите критериуми соодветно е намалена, т.е. приспособена на условите на македонската економија.
Претпријатијата влегуваат во соодветната категорија доколку во првата година од работењето задоволуваат два од посочените три критериуми. Во 2004 г., во Македонија од близу 50.000 активни претпријатија 49.123 беа мали, 429 средни и 135 големи.
ИЗВ.: Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија,
Опсерваторија за МСП во Република Македонија, Извештај 2004.
ЛИТ.: Т. Фити, В. Хаџи Василева – Марков-ска, М. Бејтмен, Претприемништво, Скопје, 2007, 223-265; Б. шуклев, Менаџмент на мал бизнис, Скопје, 2006, 48–55. Т. Ф.

Киро Глигоров, првиот претседател на РМ

Напишете коментар