ПРЕЗВИТЕР КОЗМА

ПРЕЗВИТЕР КОЗМА – средновековен автор во Ⅹ в. Книжевната историја не располага ни со најнужни извори за проучување на неговиот животен пат. Автор е на познатото антибогомилско дело „Беседа против новопојавената богомилска ерес“, кое претставува најзначаен и најопширен словенски извор за проучување на богомилското движење. Познавањето и цитирањето на деталите на богомилското учење укажува дека е современик на неговата појава во Македонија. Делото е познато според најстариот препис од Драголевиот зборник од ⅩⅤⅠⅠⅠ в., српска редакција, со јасни траги од македонска постара предлошка, во кратка верзија.
ЛИТ.: Вера Стојчевска-Антиќ, Историја на македонската книжевност, Средновековна книжевност, Презвитер Козма,
Скопје, 1997, 213–227. В. С.-А.

Президиумот на АСНОМ со членови на ЦК на КПМ и на ГШ на НОВ и ПОМ во слободно Скопје (ноември 1944)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *