ПРЕДЕЛ

ПРЕДЕЛ – област чија особеност е резултат на акцијата и интеракцијата на природните и/или човековите фактори. Врз основа на степенот на влијанијата на антропогените фактори и природноста се разликуваат следниве категории предели: природни, изменети и антропогени/културни предели. Пределите се комплексни феномени, што се истражуваат низ интердисциплинарна работа за да се разберат разните процеси. Предмет се на Конвенцијата за пределската разновидност (Совет на Европа, 2000), која е основа за интернационалната соработка и заедничкото дејствување за управување, планирање и заштита на пределите на европско ниво. РМ ја ратификува Конвенцијата за предели (2003). Планирањето на пределите се остварува преку нивната интеграција во просторното планирање, а управувањето со нив во секторските политики, кои се однесуваат на: економијата, земјоделството, инфраструктурата, урбаниот развој, културата, животната средина, социјалниот развој. С. Х. П.

Преднапрегнат мост на акумулацијата „Козјак

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *