ПРЕВАЛА, шабан Далип

ПРЕВАЛА, шабан Далип (Схабан Далип Превалла) (с. Радолишта, Струшко, 25. Ⅺ 1941 – Скопје, 28. Ⅸ 2007) – економист, новинар и унив. професор. Основно и средно образование завршил во Струга. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп. Магистрирал и докторирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил новинар и уредник во Радио Скопје – програма на албански јазик (1972–1980), финансиски директор на Интерна банка „Треска“ (1983–1991), пратеник и вицегувернер на Народна банка на Република Македонија(1992–2001). Две години бил визитинг-професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на колеџот „ФАМА“ и на Универзитетот „Пјетер Богдани“ во Приштина. Последните четири Европскиот универзитет, односно на ФОН, во Скопје. БИБ.: Македонско-албански и албанскомакедонски деловен речник; Фјалори афарист маљедонисхт-схљип дхе схљип-маљедонисхт, ФОН, Схкуп, 2007. А. П. Војник на УНПРЕДЕП ја набљудува македонската граница кон Косово