ПРВ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР

ПРВ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР (Скопје, 4. Ⅲ 1945) – одржан со учество на над 300 делегати – свештеници и мирајни и поздравен од Претседателот на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов–Ченто. Соборот донесол Резолуција да се возобнови Охридската архиепископија како самостојна Македонска црква; да не биде потчинета на никоја друга помесна национална црква, а Црквата да има свои народни епископи и народно свештенство за да се запазат карактерните особености на македонскиот народ. ЛИТ.: Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987; истиот, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972; Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр. ПРВА БАЛКАНСКА ВОЈНА