ПРВ КОСОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН РАМИЗ САДИКУ

ПРВ КОСОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „РАМИЗ САДИКУ“ (с. Извор, Кичевско, 26. Ⅸ 1943 –с. Сливово, Охридско, 1. Ⅺ 1943) – воена единица на НОВ и ПОЈ. Баталјонот е формиран од политичПрашума во Македонија ки затвореници од Косово во логорот Герман (кај Бурела, Тирана). Откако воспоставиле врски со албанските партизани во околината (јуни 1943), по капитулацијата на Италија, 150 политички затвореници, организирани во баталјон, со избрано раководство, но со само две пушки, пристигнале во слободниот Дебар. На официјалното формирање во с. Извор делегатот на ЦК на КПЈ и на ГШ на НОВ и ПОЈ Светозар Вукмановиќ – Темпо го именувал како Прв косовски народноослободителен баталјон „Рамиз Садику“. По брзото вооружување на територијата на Македонија, заедно со шиптарскиот народноослободителен баталјон и Македонскиот народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“, воделе жестока борба против германските и балистичките сили кај кичевското с. Брждани (5. Џ), а потоа кај кичевските села Извор, Кленовец, Малкоец и Подвис (6. Џ), со големи обострани загуби. Баталјонот се истакнал и во борбите за Ослободувањето на Кичево (1. Ⅺ), а потоа ги продолжил борбите против балистичките и германските сили на пл. Буковик (2–6. Ⅺ). При формирањето, влегол во составот на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада. ЛИТ.: Д-р Велимир Брезовски, Ослободителната војна во Македонија во 1943, Скопје, 1971; Гоце Митевски, Првото ослободување на Кичево и борбата за одбрана на градот, Слободните територии во Македонија, Скопје, 1975, 239-253. С. Мл.