ПРВА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА ПРОЛЕТЕРСКА БРИГАДА

ПРВА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА ПРОЛЕТЕРСКА БРИГАДА (с. Локов, Струшка Малесија, 8. Ⅵ – 28. Ⅸ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ, а потоа во состав на Четириесет и осмата (македонска) дивизија на НОВЈ. Била формирана од околу 500 борци на два македонски баталјона на Првата македонско-косовска НОУБ (Кичевско-дебарскиот баталјон и Ресенско-охридскиот), борци на НОПО „Јане Сандански“, Велешкиот НОПО, Костурскиот НОПО и новопристигнати борци. Успешно ги напаѓала германските сили на комуникациите СтругаДебар, ОхридКичево и РесенОхрид и дејствувала против балистичките сили на поширокото подрачје на Дримкол, Малесија, Галичко и Гостиварско. Во содејство со други воени единици, учествувала во ослободува(6. ⅩⅠⅠ), била упатена во Срем (јануари 1945) и учествувала во пробивањето на Сремскиот фронт со жестоки борби кај Винковци (12. Ⅳ 1945) и други места, со борбен пат до ослободувањето на Загреб и гонење на непријателските сили кон Целје и Дравоград (Словенија). Потоа добила наредба за враќање (12. Ⅵ) и пристигнала во Скопско (20-26. Ⅵ 1945). ЛИТ.: Илија Јордановски, Македонски пролетери. Прва македонска народноослободителна ударна бригада, Белград, 1971; Прва македонска народноослободителна ударна бригада, Скопје, 1991; Д-р Марјан Димитриевски, Македонската војска 1944-1945, Скопје, 1999, 73-79. С. Мл.