ПРВАТА БИТКА НА КОСОВО

ПРВАТА БИТКА НА КОСОВО (1369) – помеѓу браќата Волкашин и Углеша и феудалците од српските земји. За да го запрат издигнувањето на кралот Волкашин и на деспотот Углеша и нивното ширење кон север, кнезот Лазар Хребелјановиќ, жупанот Никола Алтомановиќ и царот Урош ги нападнале браќата на Косово Поле. Во битката сојузниците претрпеле тежок пораз. Царот Урош бил заробен, жупанот Никола едвај успеал жив да се извлече, а кнезот Лазар на почетокот од битката се повлекол со својата војска. Со оваа победа браќата Волкашин и Углеша уште повеќе ја зацврсти-ЛИТ.: Мавро Орбин, Краљевство Словена, Београд, 1968, 50, 312–313 (С. ´иркови¢, Коментари); Р. Михаљчи¢, Крај Српског Царства, Београд, 1989, 138–139. К. Аџ.