ПОТТРЧАНО

„ПОТТРЧАНО“ – македонско народно оро за мешан состав во 7/16 (3,2,2) ритам. Најчесто се игра во Скопско. Држењето за рацете е за китките, слободно спуштени надолу. Се игра во полукруг, полетно, со впечаток на поттрчување на десно, со брзи чекори на полустапалата. Обилува со потскоци и доскоци. Др. Ѓош.