ПОТА, Љубе

ПОТА, Љубе (Крушево, 3. ⅩⅠⅠ 1918) – урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград (1948). Работел во повеќе проектантски организации и бил прв директор на Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје. Како експерт на ООН работел во земјите на Јужна и Централна Америка. Претежно се занимава со урбанистичко планирање. Изработил урбанистички планови за повеќе градови во МакедонијаТетово (1948), Берово (1950), Кавадарци (1951), Крушево (1952), Ресен, како и детални урбанистички планови за Скопје. Учествува во изработката на Урбанистичкиот план на Скопје по катастрофалниот земјотрес. Се занимавал и со архитектонско проектирање – Стоковна куќа „26 Јули“ во Скопје и неколку станбени објекти, како и со публицистика. Објавил стотина статии со архитектонска и урбанистичка проблематика во стручни списанија и во дневниот печат. Кр. Т.