ПОП ХРИСТОВ, Георги

ПОП ХРИСТОВ, Георги (с. Крстоар, Битолско, 1878 – Софија, 19. Ⅱ 1962) – учител, револуционер, учесник во Илинденското востание. Завршил педагошки курс на Солунската егзархиска гимназија (1896). Бил учител во Кавадарци, Прилеп и Битола и член на Битолскиот окружен комитет (1900– 1903). Учесник на Смилевскиот конгрес (1903) и во Илинденското востание во Леринскиот реон. Во 1910 г. бил уапсен и заточен во Мала Азија, избегал во 1911. По Првата светска војна бил член на ЦК на ВМРО (1925), а од 1928 во протогеровистичката ВМРО. ЛИТ.: Зоран Тодоровски, ВМРО 1924– 1934, Скопје, 1997. З. Тод. Вукашин Попадиќ