ПОП-АЦЕВА-ХРИСТОВА, Марија Божидарова

ПОП-АЦЕВА-ХРИСТОВА, Марија Божидарова (Скопје, 24. ⅩⅠⅠ 1933) – спец. по микробиологија со паразитологија, редовен проф. на Мед. ф. (од 1992). Дипломирала медицина во Скопје (1960), специјализирала (1966) и докторирала (1980) за влијанието на антибиотиците врз продукцијата на плазмакоагулазата и нејзината примена како брз метод за одредување на осетливоста на Стапхѕлоцоццус ауреус кон антибиотиците. Била директор на Институтот за микробиологија со паразитологија (1988–1998). Се усовршувала на Институтот за тропски болести во Хамбург, а престојувала во научно-техничката соработка во Либиската Џамахирија. Аплицирала техники за докажување на имунифлуоресцентни антитела кај паразитите и кај ентеробактериите, за култивирање на анаеробни бактерии и за серолошка типизација на салмонелла. Автор е на над 106 трудови. ИЗВ.:Билтен УКИМ бр. 579. БИБ.: Микробиологија, во: Современа дијагностика и терапија во медицината, Кочани, 2000. К. К.-П.