ПОП АНТОСКИ, Славко

ПОП АНТОСКИ, Славко (Прилеп, 21. Ⅺ 1913) – редовен проф. на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, на наставно-научните дисциплини општо полјоделство со агроекологија и заштита од ерозија. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Бел-град. Учесник е во НОБ од 1941 г. По војната бил помошник-министер за земјоделство и шумарство на НРМ; член на Сојузниот совет на Југославија за научна работа; проректор на Универзитетот во Скопје; член на АСНОМ; народен пратеник во Собранието на НРМ. По формирањето на Универзитетот „Св. Кирил и Медодиј“, избран за декан на новооснованиот Земјоделско-шумарски факултет во Скопје. На оваа функција, заедно со Наставно-научниот колегиум, има многу значаен придонес во втемелувањето и развојот на високошколската настава по земјоделство и шумарство и во развојот на научноистражувачките активности во РМ. Неговите научноистражувачки активности се насочени кон проучување и разрешување на низа проблеми од агроекологијата и агротехниката. И во двете области има постигнато резултати со трајни вредности. Р. Л. ПОП ГЕОРГИЕВ, Димитар