ПОП АНТОВ, Христо

ПОП АНТОВ, Христо (с. Ваташа, Тиквешко, 16.Ⅴ 1879 – Софија, 31. И 1964) – учител, револуционер, претседател на Тиквешкиот ОРК на МРО. Завршил педагошко училиште во Скопје (1899), а право во швајцарија. Учителствувал во Кавадарци. Бил раководител на ОК на ТМОРО во Кавадарци. Прогонуван од османлиските власти, по Востанието се засолнил во Софија. Бил судија во Скадар (1910), а потоа адвокат во Софија. ИЗВ. и ЛИТ.: Г. Делчев, Спомени – Документи – Материали, Софи®, 1988; Х. Поп Антов, Спомени. Предговор и редакција на З. Тодоровски, Скопје, 2006. Ал. Тр. Славко Поп Антоски