ПОПУЛАЦИОНА ПОЛИТИКА

ПОПУЛАЦИОНА ПОЛИТИКА – систем на мерки и активности, со чија помош се влијае врз демографските процеси, посебно на компонентите на природното (наталитет и морталитет) и на механичкото движење на населението, заради остварување (по насока, интензитет и структура) специфично движење на населението на една земја или регион, сообразено со постојните економски, социјални, политички и други цели. РМ, реално гледано, може да се класифицира меѓу државите што немаат јасно оформена, конципирана и доследно спроведена популациона политика. ЛИТ.: Славе Ристески, Демографската транзиција во Република Македонија, Скопје, 1996; истиот, Демографски методи со демографска анализа, Скопје, 2006. С. Р. ПОПЧИЊА или ЗАВИРАЧКИ