ПОПТОМОВ, Владимир

ПОПТОМОВ, Владимир (псевд. В. Василев, Томов, Громов, Хајдар) (с. Белица, Разлошко, 27. И 1890 – Софија, 1. Ⅴ 1952) – правник, журналист, публицист, македонски и бугарски партиски деец. Бил член на бугарската Социјалдемократска партија. По Првата светска војна бил примен за член на Високиот партиски совет на БКП. Учествувал во Септемвриското востание (1923), а по неговиот пораз емигрирал во Русија. Бил еден од основачите и водачите на ВМРО (Об). Бил политички секретар и редактор на „Македонско дело“ (1925–1933). Од 1934 г. работел во органите на Коминтерната. Се застапувал за единствен македонски национален фронт и за македонска национална партија. На антимакедонскиот политички процес во Софија (1936) доблесно ја афирмира македонската кауза од позиција на македонската нација. По Резолуцијата на Информбирото (1948) се откажал од македонските стојалишта и го поддржувал ставот на БКП за македонското прашање. БИБ.: Заçто воÓваме?, Софи®, 1944. ЛИТ.: Георги Бицин, Мирчо Áруков, Владимир Поптолеов (Биографичен очерк), Софи®, 1957; БКП, Коминтерн„т и македонски®т в„прос 1917–1946, И–Ⅱ, София, 1998 и 1999. О. Ив. ПОП-ТРАЈКОВИЌ, Боривое