ПОПСИМОВ, Христо

ПОПСИМОВ, Христо (Охрид, 1916 – Софија, 1980) – трилингвален поет (македонски, српски и бугарски), внук (од сестра) на Гр. Прличев. Основното образование го завршува во родниот град, гимназијата во домот за македонските ученици во Крагуевац, а Правниот факултет во Белград. По двегодишна работа, дисертацијата по енциклопедија на праХристо Попсимов вото му останува незавршена, би-дејќи во 1940 г. е испратен во концентрациониот логор Билеќа. Во 1941 г. наоѓа работа во Софија и останува до крајот на животот, иако повеќепати бара да се врати во татковината. Првите стихови на македонски јазик ги напишува во 1935 г., но првата песна („Весникарче“) му е напечатена во органот на Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб „Наш весник“ (1937), заедно со Рациновите „Тутунови берачи“. Во истата година во сп. „Луч“ публикува уште две стихотворби на македонски („Борба“ и „Нашијот град“), но и една песна на српски во сп. „Јужни преглед“ („Рибари“). Во следната 1938 г. објавува и други две песни – на српски во „Луч“ („Ноктурно“ и „О но¢ас како гори космос!“). Посебно значење имаат двата зачувани (но тогаш необјавени) предговорни текста кон стихозбирките на Воислав Илиќ „Луда крв“ и „За осветљеним путевима“, што содржеа и стихови на македонски (1935). Од нив се гледа дека П. се движи по развојната линија на младата македонска поетска генерација на Рацин, Неделковски, Марковски и Петковски. Во повоениот период (1944–1948) создава десет стихозбирки („Мојот град“, „Иднина“, „Сонети“, „Сатурналии“, „Бледите вселени“, „Мртви лисја“, „Љубов и дух“, „Облаци и сенки“, „Чувства од преисподњата“ и „Мигови во просторот“), но ниедна не успева да објави во Бугарија. Во првиот дел од првата збирка („Прелудиум“) се наоѓаат и стихотворбите пишувани до 1940 г. на македонски, другите се на бугарски. Во ноември 1967 г. авторот направи поширок избор од ова творештво и предложи да се објави во Македонија. Така беа напечатени изборите во три книги: „Траги“ (1967), „Изгревите тлеат“ (1968) и „Стихови“ (1969). Дури кога беше на смртното легло во софиската болница, како потреба за историјата, со лично залагање и со национално-политички интониран предговор од акад. П. Динеков, под редакција на Е. Евтимов, беше напечатен сосем скромен избор од неговите ракописи, посветени главно на Охрид и на неговата земја, но со бесмислено уфрлени два не негови збора (Б„лгари® и б„лгарска). БИБ.: Весникарче, „Наш весник“, И, 1, Загреб, 30. Ⅲ 1937, 7; Борба, „Луч“, И, 6–7, Скопље, 15. ⅩⅠⅠ 1937, 272; „Нашијот град“, „Луч“, И, 6–7, 15. ⅩⅠⅠ 1937, 273; Рибари, „Јужни преглед“, Ⅺ, 3, Скопље, 1937, 109; „Ноктурно“ и „О но¢ас како гори космос!“, „Луч“, Ⅱ, 5, 25. Ⅴ 1938, 203; Траги, Македонска книга, Скопје, 1967; Изгревите тлеат, Култура, Скопје, 1968; Стихови, Мисла, Скопје, 1969; П„тиÈа, времена. Стихотворени®, Б„лгарски писател, Софи®, 1979. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Поезијата на македонски во „Луч“, „Културен живот“, Ⅷ, 7–8, Скопје, 1963, 32–35; истиот, Кон зборникот стихови „Траги“ од Христо Попсимов, предговор кон зб.: Траги, Скопје, 1967, 5–7; истиот, Кон збирката „Изгревите тлеат“, поговор кон зб.: Изгревите тлеат, Скопје, 1968, 93–96; истиот, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, И, Мисла, Скопје, 1980, 227–231; истиот, Македонските стихови на Христо Попсимов (1916–1980), зб.: Пројави и профили од македонската литературна историја, 2, Скопје, 1982, 245–248; Слободан Мицковиќ, Поетско доаѓање на минатото („Траги“, избор од поезијата на Христо Попсимов,…), „Нова Македонија“, 7403, 28. Ⅴ 1967, 9; Ал. Поповски, Самородна и богата е македонската поезија (интервју), „Вечер“, 21. Ⅵ 1967, 7; Ѓ. Поповски, Дијалог на минување – Драгоцени ми беа советите на Рацин –Христо Попсимов за својата поетска збирка „Траги“ во издание на „Македонска книга“, за средбата со Рацин, македонската и современата бугарска поезија, „Нова Македонија“, 7431, 21. Ⅵ 1967, 4; Пет„р Динеков, Няколко думи за една нова книга, предговор кон: П„тиÈа, времена. Стихотворени®, Софи®, 1979, 5–8. Бл. Р. Лазар Попстефанов