ПОПОСКИ, Драган

ПОПОСКИ, Драган (Дада) (Прилеп, 23. Ⅹ 1933) – скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Дипломирал (1961) и магистрирал (1964) на Академијата за ликовни уметности во Белград. Самостојно излагал во Скопје, Единбург, Харогејт, Копар, Трст, Франкфурт, АШАФЕНБУРГ. Вешто модифицира монолитни мермерни асоцијативни форми. При геометризацијата на масите како суштинска се намет-Драган (Дада) Попоски Драган (Дада) Попоски: Расчекор нува илустративната компонента (Хоризонтала, 1971). М. Б.-П.