ПОПОСКА, Филимена

ПОПОСКА, Филимена (Тетово, 1946) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и научник. Дипломирала (1969), магистрирала (1977) и докторирала (1980) на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. На истиот факултет работи од 1969 г., а редовен професор е од 1991 г. Била продекан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Имала повеќе студиски престои во Европа. Подрачја: хемиски реактори, екстракциони процеси, преработка на нафта, оптимизација и проектирање на технолошки процеси. Автор е на научни трудови и истражувачки проекти. ЛИТ.: „Билтен УКИМ“ бр. 708, од 22. Ⅵ 1998 г., стр. 21; 40 години Технолошко-металуршки факултетСкопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 77. Св. Х. Ј.