ПОПОВ, Трајче

ПОПОВ, Трајче (Велес, 15. Ⅶ 1923) – филмски режисер, снимател и сценарист. Гимназиско образование добива во родниот град, а во Скопје завршува курс за новинари (1945). Во Белград го завршува курсот за самостојни сниматели и режисери што го организира Комитетот за кинематографија на ФНРЈ (1946) и станува дописник од Македонија за Филмскиот журнал на „Звезда филм“. С¢ до Стано“. Двапати се издадени и не-Сцена од филмот „Среќна Нова ‘49“ во режија на Столе Попов 1948 г. Попов е регистратор на скапоцена документарна граѓа од терените на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија. Од овој период се и неговите први документарни филмови: „Жито за народот“ (1947), „Низ Пиринска Македонија“ (1948), „Првиот конгрес на КПМ“ (1949) и „Братска помош“ (1950). Има реализирано преку сто документарни филма со различна тематска определба, кои ја одбележуваат спецификата на македонското поднебје. Прави обид и во играната продукција со филмовите „Македонска крвава свадба“ и „Пресуда“. Иг. Ст.