ПОПОВ, Оливер Благоев

ПОПОВ, Оливер Благоев (Бел-град, 29. Ⅵ 1953) – информатичар, ред. проф. (1999) на ПМФ. Дипломирал (1978) на ЕТФ во Љубљана и бил избран (1979) за помлад асистент на Математичкиот факултет. Во 1984 г. заминал на докторски студии во САД на Универзитетот Мисури-Рола, каде што стекнал (1987) докторат по компјутерски науки со темата „Интенсионал Реасонинг абоут Кноњледге“. Неговата научна преокупација се интелигентните и дистрибутивните системи. Одржувал настава на ПМФ по повеќе информатички предмети, раководел со редица значајни проекти, бил програм-ски директор на работилниците за мрежни технологии на ЦЕЕНЕТ, објавил неколку книги, научни и стручни написи. БИБ.: Симболичко програмирање во ЛИСП; Висионарѕ Идеас фор а Висионарѕ Футуре. ЛИТ.: ПМФ 1946-2006, монографија, Скопје, 2006; БУ бр. 728/’99; Природноматематички факултет – Скопје 1946– 1996, Скопје, 1996, стр. 393; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 401. Н. Ц. Стале Попов