ПОПОВСКИ, Лазар

ПОПОВСКИ, Лазар (Скопје, 18. Ⅴ 1975) – економист, кајакар на диви води. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1993), магистрирал во САД (2003). Тој е член на КК „Илинден 90“ во Скопје и државен првак деветпати во К-1 кајак на диви води. На балканските првенства во Скопје (1995 и 2000) освоил прво место, а на Европското првенство (2004) шесто место во 3 Х К-1. Го освоил првото место на ИКАС во Скопје (2004). Настапувал на четири олимписки игри (1992 – 2004), на Светското првенство (1997) и на други натпревари. Бил избран за најдобар спортист на Македонија (1999). Д. С. ПОПОВСКИ, Нестор, протојереј-ставрофор (Лазарополе, 17. Ⅴ 1916 – Скопје, 23. Ⅶ 1996) – член на Првиот црковно-народен собор (1945) во Скопје, а потоа на чело на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква. Повеќе години бил претседател на Здружението на православното свештенство на Македонија и претседател Нестор Поповсни ја раководи последната седница на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ (3. Х 1958) на Здружението на православното свештенство на СФРЈ. ЛИТ.: Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987; истиот, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972. Рат. Гр. Панде Поповски