ПОПОВСКА-СТАНКОВИЌ, Огњанка

ПОПОВСКА-СТАНКОВИЌ, Огњанка (Куманово, 1926) – биолог. Основно училиште завршила во родното место, а гимназија во Скопје. Студиите на Филозофскиот факултет (Група биологија) ги завршила во 1952 г. Работи како наставник, односно професор по биологија (1950–1953). Во 1960 г. го стекнува звањето виш стручен соработник и е вработена во Заводот за рибарство на СРМ во Скопје. Докторската дисертација ја одбранила во 1965 г. Во 1971 г. е избрана во виш научен соработник, а во 1977 во научен советник. Од 1977 до 1983 г. е директор на Природонаучниот музеј во Скопје, а потоа е во пензија. Објавила педесетина научни труда од областа на лимнологијата и потамологијата. Д. Пр. Анка Поповска -Цвета