ПОПОВ(ИЌ), Никола Папаванѓелов

ПОПОВ(ИЌ), Никола Папаванѓелов (с. Ракита, Битолско) – син на патријаршиски свештеник, студент на Правниот факултет (1890–1894) и претседател на Ученичкото друштво „Вардар“ во Белград (1893/94). Како питомец на српското Министерство за надворешни работи, е назначен за претседател на македонското Ученичко друштвоВардар“. По В. Поповиќ: Македонските ликовни уметници дипломирањето, министерот го назначува за дијурист во Српскиот конзулат во Солун. Во времето на македонското востание (1895) се зближува со внатрешното револуционерно движење, поради што Министерството го ослободува од должноста и го назначува на служба во Министерството во Белград (20. И 1896). Сфаќајќи ја намерата, тој му поднесува оставка на министерот (28. И 1896) нагласувајќи дека „од хигиенски причини не ми е возможно да ја извршам Вашата наредба“ и во почетокот на февруари заминува за Цариград и оттаму – во Софија. ИЗВ.: Архив Србије, Белград, ф. Дипломатски архив, ПП, 27 П, ред 38, 1890; ПП, 6 В, ред 64, 1894; ПП, ред 498, 1894; ПП, ред 415, 1896. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, Ⅱ, Скопје, 1983, 12–22. Бл. Р. Темко Попов